HomeАктуелно[фото+видео] Бадникова поворка Охрид 2024

[фото+видео] Бадникова поворка Охрид 2024

Бадник, предвесник на Божиќ. Детски глас, среќа, радост, песна, верба, надеж и љубов е денешната слика за големиот христијански празник Бадник во главниот туристички центар Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нешто пред пладне илјадници дечиња од бадниковата поворка пристигнаа на Градскиот плоштад во Охрид, кој претходно со песна прошетаа  низ охридските улици.

Оваа година, познатите македонски артисти Ѓоко Танески и Пајак беа на чело на поворката. Градскиот плоштад беше преплавен од деца, кои со своите родители шетаа низ градот пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог.

Бадниковата поворка во Охрид која се одржува 11 година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржана од локалната самоуправа.

 

Подготви: Елена Ристеска

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.