HomeАктуелноВо трагедија на протестите во Германија едно лице загина

Во трагедија на протестите во Германија едно лице загина

На протестите кои се одржуваат во Германија се случи несреќа во која загина едно лице.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според сегашните полициски информации, возачот на камионот од засега непознати причини околу 13 часот и 35 минути налетал на крајот од редот помеѓу излезите Флајден и Нојхоф-Суд. „Веројатно со голема брзина“, изјави портпаролот на полицијата за БИЛД.

„Со изразен удар, три камиони на крајот од колоната, од кои едниот бил натоварен со мазут, се судриле и истуриле неколку илјади литри мазут. Во таа прилика загинал еден маж.

Полицијата се уште не може да даде точни информации за останатите повредени. Во моментов се претпоставува дека, покрај починатиот, има уште двајца повредени. На местото на несреќата брзо пристигнале возила на брза помош, пожарникари, полиција и хеликоптер на итната помош. За утврдување на точната причина за несреќата повикано е вештачење.

Од полицијата потврдуваат дека колоната настанала поради протестот на земјоделците. Протестот се одржа од 10 часот на автопатот А66 во областа Фулда. „Кога се случи несреќата, земјоделците веќе беа во процес на напуштање на автопатот.

Автопатот А66 е целосно блокиран помеѓу излезите Шлихтерн-Норд и Нојхоф-Суд во правец кон север. „Ќе бидат потребни уште неколку часа. Се истури многу масло за греење, што треба прво да се исчисти“, рече портпаролот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.