HomeАктуелноВечерва почнува Вевчанскиот Карневал

Вечерва почнува Вевчанскиот Карневал

Вечерва во Вевчани почнува Вевчанскиот Карневал кој е стар најмалку 1460 години, традиционално и оваа година ќе се одржи од 12 до 14 јануари 2024 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на паганските со христијанските обичаи.

Интересно е да се спомене дека за време на карневалот една позната норвешка телевизија ќе направи патеписна репортажа за Вевчанскиот Карневал. Исто така како гостин на карневалот ќе присуствува и познатиот српски блогер Путриота, кој патувал низ целиот свет, а оваа година ќе направи репортажа токму од Вевчанскиот карневал.

Промотор на фестивалот ќе биде Игор Џамбазов, а организаторите повторно подготвија богата музичка програма. Подолу погледнете ја целокупната програма по денови;

 

12 јанури 2024 (Петок)

ДЈ Ампов
Јанг Дади
Најдоброто од Игор Џамбазов и Гуру Харе
Нокаут

 

13 јануари 2024 (Сабота)

Акустик Бенд
Наум Петрески
Оркестар со зурли и тапани од Вевчани
Перо Бели
Коки Биоритам

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.