HomeАктуелноГрција ги извести другите држави: По 12-ти февруари, непроменетите македонски документи нема да важат

Грција ги извести другите држави: По 12-ти февруари, непроменетите македонски документи нема да важат

Како што пренесува ПРЕСИНГ.ГР , министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис,  со официјален допис до надлежните министерство го активирал Договорот од Преспа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Грчкото МНР ги известило своите колеги од министерствата на другите држави, дека по 12 февруари, непроменетите македонски документи немаат важност.

Поточно, во дописот кој го добиле министерствата на 30.01.2024 година, се потсетува дека на 12.02.2024 година истекува петгодишниот технички преоден рок од член 1, страна 10, потточка а.

Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Cеверна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од Договорот од Преспа.

За крај Герапетритис ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации итн.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.