HomeАктуелноОпштина Лозово доби нова супер модерна и современа библиотека

Општина Лозово доби нова супер модерна и современа библиотека

Ни претставува посебна чест и задоволство да споделиме со вас дека при ООУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО“ ЛОЗОВО во употреба е пуштена нова супер модерна, современа библиотека каква што можат да посакуваат сите други училишта ширум државата.. Со добро разработена проектна идеја, со многу труд, знаење, професионализам, посветеност, истрајност, трпение, со тимска работа, со примена на сето искуство и со поддршка од Мировниот корпус и нивниот волонтер во нашето училиште Judith Aguayo, како и USAID North Macedonia успеавме да го финализираме овој проект во нашиот најубав училишен простор, пишува во соопштението од градоначалникот на општина Лозово.
Вредните раце на сите чинители при OU Metodi Mitevski Brico-Lozovo и тимската работа успејаа да ги трансформираат старите неискористени простории во место каде децата ќе сакаат да го поминуваат своето време. Покрај книгите што беа донирани од заедницата, посебна благодарност би сакал да упатам и до Менаџерскиот тим при Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ кои на мое барање, несебично со своја донација помогнаа да го збогатиме фондот на книги кои ќе бидат на располагање на сите љубители кои сакаат да уживаат во пишаниот збор, додава градоначалникот.
⚠️Нашата нова Библиотека е опремена со:
интерактивен проектор и
читална со многу места за седење
Конечно Училиштето има простор каде учениците можат да работат индивидуално, еден на еден, во групи или со целата своја училница за да ги прегледуваат часовите, да имаат активности како што се клубови за книги, клубови по англиски јазик после училиште или да добијат дополнителна поддршка од наставникот…
Нема да застанеме тука..Продолжуваме со интензивна имплементација на систем за електронска библиотека, единствен од таков вид кај нас.. Во периодот кој следи ќе работиме и на линковски конекција за поврзување на системот за Е-КНИГА при Националната Библиотека со нашата Е-библиотека каде граѓаните ќе имаат можност да пристапат по електронски пат до многубројна литература…, стои во фб-статусот на градоначалникот на општина Лозово
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.