HomeАктуелноЗНАМ ги отвори просториите на изборниот штаб на Движењето во Охрид

ЗНАМ ги отвори просториите на изборниот штаб на Движењето во Охрид

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија вчера пред сите присутни членови, симпатизери, поддржувачи, истомисленици и граѓани на Oпштина Охрид  ја отвори првата канцеларија на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обрати Максим Димитриевски , претседател на ЗНАМ и кандидат за Претседател на Македонија на претстојните претседателски избори, потпретседателката на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, Весна Бендевска, претседателот на ОО Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Мите Костески и секретарот на ОО Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Елена Ристеска.

Ме радува што и во Охрид ве гледам во вака голем број на отворањето на просториите на ЗНАМ, кадешто вие граѓаните можете да дојдете и активно да се вклучите во движењето, да дадете придонес во промените кои доаѓаат во Македонија, рече Димитриевски и додаде дека се радува и што луѓето, граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и поддршката од ден на ден се повеќе се зголемува.

Јас сакам Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот на државата. Тоа е мојата цел. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура, додава Димитриевски.

Тој посочи дека оваа позитивна енергија ќе придонесе нештата во Македонија да се сменат и после изборите никогаш да не се исти.

 

 

Сакаме власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме вистински претставници на нивните интереси. Само така Македонија ќе може да излезе од оваа состојба на тонење и разградување, кое трае речиси 30 години. Време е да се обединиме и сите заедно да обезбедиме подобра иднина за идните генерации, рече Димитриевски пред членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во Охрид.

Просториите на канцеларијата на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија со седиште во Охрид ќе бидат отворени од понеделник до сабота од 13 до 20 часот со седиште на улица Кузман Јосифовски Питу 0 Лам.3 Локал. 3, Охрид 6000 (Наспроти паркингот на Ривиера).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.