HomeАктуелноПожар во куќа во населбата „Кошишта“ во Охрид

Пожар во куќа во населбата „Кошишта“ во Охрид

Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари.

Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина.

Освен настанатата материјална штета нема повредени лицa во пожарот.

Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.