HomeАктуелноУбава вест за оваа категорија граѓани: Започнува исплатата на овие пари!

Убава вест за оваа категорија граѓани: Започнува исплатата на овие пари!

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
  • корисници на посебен додаток;
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;
  • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и
  • корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош,  за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

  • 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка;
  • 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата  на финансиската поддршка и
  • 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.