HomeАктуелноУапсени четири лица кои го извршиле нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица

Уапсени четири лица кои го извршиле нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица

Руските безбедносни служби објавија дека се уапсени четири лица директно вмешани во вчерашниот напад во концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва, додека бројот на загинати порасна од 60 на најмалку 93. Рускиот Истражувачки комитет соопшти дека трагичниот биланс ќе расте.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Федералната безбедносна служба (ФСБ) го известила Владимир Путин дека се приведени вкупно 11 луѓе, додавајќи дека осомничените се обиделе да избегаат преку руско-украинската граница.

„Како резултат на дејствијата на специјалните служби и органите на редот, приведени се 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани во терористичкиот напад во салата ‘Крокус‘. По извршувањето на терористичкиот напад, криминалците имале намера да ја преминат руско-украинската граница и имале релевантни контакти на украинската страна. Истрагата продолжува“, објави ФСБ.

Украина уште синоќа негираше каква било вмешаност во овој напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, која кажа дека напаѓачите успеале да избегаат пред да пристигнат руските безбедносни сили.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.