HomeАктуелноПредлогот на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата денес на седница пред пратениците

Предлогот на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата денес на седница пред пратениците

Собранието денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници – 131-ва, 138-ма и 145-та.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на 145-та седница, пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

На оваа седница треба да се расправа и за Предлог на Национална развојна стратегија 2024-2044, како и за предлог законите за реализација на стратешките инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM Green Tech, Митилинеос когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.