HomeАктуелноОбјавен конкурсот за уписи во средно училиште

Објавен конкурсот за уписи во средно училиште

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.