Се заострува режимот за градби во старото градско јадро во Охрид. Со новиот предлог закон до донесување на новите детални урбанистички планови не може да се градат нови објекти, доградби и надградби.
Од агенциите за недвижности бараат час поскоро да се донесат новите детални урбанистички планови за да се заштити најатрактивниот дел но и да се овозможи раст и развој на градот.
Дивоградбите може да се искоренат само со одржлива урбанизација. Потребни се правилни и навремени урбанистички решенија за стопирање на нелегалните градби смета научната фела.
Нелегалната градба на самиот брег на езерото и во заштитениот појас кои го нарушуваат автентичниот изглед на Охрид се едни од најголемите забелешки на Унеско.
