HomeАктуелноДенеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ

Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.