На Попова Шапка и во Лазарополе утрово се измерени -2 степени Целзиусови, нула во Берово, Маврови Анови, 1 во Крушево, 2 степени во Крива Паланка, 3 во Скопје-Петровец, Охрид и Претор, 4 степени во Битола, Прилеп и Струмица, 5 степени во Тетово, Куманово, Скопје-Зајчев-Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Виница и Кавадарци и 7 степени во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат талог од 4 литри на метар квадратен има во Скопје-Петровец, Куманово, Крива Паланка, Ѓуриште, 3 во Охрид, 2 Гевгелија и еден во Скопје-Зајчев-Рид, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Претор, Штип, Лазарополе, Крушево и Виница.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, посочуваат од УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
