HomeАктуелноМинистерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота

Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота

Нама да се оди на училиште во сабота. Деновите кои Владата ги прогласи за неработни поради престојните избори, учениците ќе ги одработуваат во текот на работните седмици до крајот на оваа учебна година, со тоа што подолго од вообичаеното ќе останат во училишните клупи. Вака реши МОН по бурните реакции на родителите, но и просветните работници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови. Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат  директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопштија од ресорното министерство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.