HomeАктуелноМаксим Димитриевски денес и утре во посета на Охрид

Максим Димитриевски денес и утре во посета на Охрид

Претседателот на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија денес и утре во посета на Охрид.

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, носителката на ИЕ 5 Весна Бендевска и  кандидатите за пратеници од ИЕ 5 ќе се приклучат на тимовите од ОО Охрид во посета на неколку згради и улици во акцијата „од врата на врата“.

Меѓудругото, предвидена е посета на дел од проектот Охрид Го, Средба во Касарна хаб, Центар за старт ап Бизниси и иновации, простор за дигитални номади.

Вечера во 21 часот во просториите на ОИШ во Охрид, претседателот на ЗНАМ и кандидатите за пратеници ќе остварат средба со стопанственици и група на граѓани на Охрид, велат од партијата.

Утре (29.04.2024) предвидена е прошетка и непосредна средба со граѓани на кејот на Охридското Езеро, непосредни средби со граѓани по Охридската чаршија, средба со дуќанџии и посета на Старата чаршија.

Во 11:30 часот на Градскиот пазар ќе биде поставен штанд на Движењето ЗНАМ.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.