HomeАктуелноПо невремето кое ја зафати Македонија, синоптичарите со ДЕТАЛНА временска прогноза за следните денови

По невремето кое ја зафати Македонија, синоптичарите со ДЕТАЛНА временска прогноза за следните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура нема значително да се менува.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.