HomeАктуелноПолицијата со полни раце работа во Охрид, пронајдена дрога, сообраќајна несреќа на булевар „Железничка“

Полицијата со полни раце работа во Охрид, пронајдена дрога, сообраќајна несреќа на булевар „Железничка“

На 01.06.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, ги лишија од слобода А.Д.(35) и Д.П.(33), двајцата од Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие се затекнати при користење опојна дрога а при преглед кај Д.П., пронајдени се две пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава., додаваат од СВР Охрид.

Имено, истата ноќ на 01.06.2024 година охридската полиција имаше и пријава за случена сообраќајна несреќа на Булевар „Железничка“ во Охрид, дознава редакцијата на powerinfo.mk , увид изврши увидна екипа при СВР Охрид, додека дополнителни информации очекуваме од страна на надлежните институции.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.