HomeАктуелноПо победата на ракот, Шијакоска најрадосната вест ја сподели со своите фанови, македонската модна инфлуенсерка е бремена!

По победата на ракот, Шијакоска најрадосната вест ја сподели со своите фанови, македонската модна инфлуенсерка е бремена!

Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки, сподели радосна вест на социјалните мрежи.
Таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го очекуваат нивното прво дете, а тоа го открија со романтично видео.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

https://www.instagram.com/reel/C7zpK6coaYN/?igsh=NW4wangza3FkNHB1

Двајцата облечени во бело позираат покрај фотографиите од ултразвук на бебето што го очекуваат.
„Некогаш далечен и недостижен сон, денес реалност“, напиша таа на „Инстаграм“, алудирајќи на болеста која ја победи.

На Шијакоска пред две години ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот и имаше неколку операции.
„Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував“, сподели таа тогаш на својот профил.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.