HomeАктуелноУчилишен автобус излетал од патот, најмалку седум мртви

Училишен автобус излетал од патот, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица се удавија, а 20 се повредени, од кои повеќето деца, кога училишен автобус излетал од патот и паднал во реката Оронт во северозападна Сирија, јавува ABC News.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила во близина на градот Даркуш, западно од градот Идлиб, кога автобусот паднал во реката Оронтес.

Спасувачките екипи бараа преживеани на карпите и во реката околу шест часа, додаваат тие.

Засега не е јасно поради што автобусот излетал од патот.

Ахмад Гандур, лекар во болницата во Даркуш, која ги прими жртвите, рече дека учениците и наставниците во автобусот се од училиштето за деца без родители.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.