На 08.06.2024 година во 14.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е М.Р.(23) од Охрид кој претходно, во семејниот дом бил агресивен и упатувал закани кон членови на неговото семејство.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
На 08.06.2024 година во 22 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Никола Карев” во Охрид, Б.С. од Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2024 година во 23.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Л.С.П.(18) од Охрид, кај градскиот парк во Струга била физички нападната од неколку женски лица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
