HomeМАКЕДОНИЈАПравославните христијани го празнуваат Преподобен Висарион

Православните христијани го празнуваат Преподобен Висарион

Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Висарион.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи.

Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на Бога.

Се упокои мирно во 466 година.

Тропар

На твоето име, Господи, на Твоето име воздај Му слава – повикуваше о ти, Висарионе отче наш преподобен. Бог преку тебе чудата на Мојсеја, Илија, Елисеја и Исуса Навина ги повтори, со твоето смирение на небесните сили се вподоби, раце и поглед кон небото подигна, молејќи се за спасение на родот човечки. Со молитвени солзи во рацете Божји се предаде, во неискажлива радост премина, моли Го сега Спасителот на сите, да ги помилува душите наши.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.