Викендов, на 22.06 2024 (сабота) , по четврти пат ќе се одржи Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди „ОХРИД ОПЕН 2024“, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.
Генерален спонзор е „ПН МЕТАЛ“, кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спорт во Македонија и за сите нивни успеси. Овој натпревар ќе биде под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт.
Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи, од 29 клубови од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија. Имено, „ОХРИД ОПЕН“ од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства.
Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони , како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е 6 кратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во Теквон-до ИТФ, така и на Кикбокс. Натпреварот ќе започне во 09:00 часот додека заврши, натпреварувачите ќе натпреваруваат во две дисциплини форми и борби. Влезот е бесплатен за сите љубители на нашиот спорт, нека победат најдобрите, изјавува Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф.
