HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Заглавено семејство во поплавена куќа во тетовско, невремето предизвика хаос во главниот град

НАЈНОВА ВЕСТ: Заглавено семејство во поплавена куќа во тетовско, невремето предизвика хаос во главниот град

ЦУК: Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување, информира Стојанче Ангелов од ЦУК.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на вечерта се очекуваат подетални информации за овој немил настан.

Имено, од ЦУК информираат дека поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин. Кај наплатна станица Желино поради големи количини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Ги молиме возачите за стрпливост. Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот, велат од ЦУК.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.