HomeАктуелноУХМР со најава за невреме – Бидете подготвени: Пороен дожд, грмотевици и град!

УХМР со најава за невреме – Бидете подготвени: Пороен дожд, грмотевици и град!

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. УВ=7

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени, а УВ индекс 7.

Во главниот град претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во Охрид претпладне сончево, попладне со дожд. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според УХМР,  променливото облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе се задржи до петок. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.