HomeАктуелноХва ранг ИТФ беше домаќин на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“

Хва ранг ИТФ беше домаќин на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“

Хва ранг ИТФ домаќин на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер


Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид е домаќин на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“ што се одржа изминатиов викенд. Хва ранг ИТФ настапи со 19 натпреаварувачи и осовои 2 пехари за најдобар поединец, 5 златни, 11 сребрени и 7 бронзени медали.

За најдобри клубови на натпреварот се избрани:

1. Фалкон, Бугарија
2. Тајгер Тим, Бугарија
3. Василена, Бугарија
На турнирот настапија над 300 натпреварувачи од 31 клуб од Бугарија, Србија, БиХ, Албанија, Молдавија, Романија, Грција, Словенија и Хрватска.
„Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН метал“, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме натпревар од ваков калибар.“, вели претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација Марјанчо Лазаревски и додава: „Исто така, благодарност до Општината Охрид што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, како и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага. Благодарност на сите што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели“.

Овојувачи на медали се:
-Христијана Парулеска

2 место форми црн појас 1 дан јуниорки 14-15 години
1 место борби јуниорки 14-15 години до 55кг
-Климент Богоески
2 место форми плав појас јуниори 14-15 години
-Анастасија Чулческа
1 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години
1 место борби јуниорки 14-15 години до 65кг
Пехар за најдобра јуниорка 14-15 години
– Меланија Јанеска
3 место форми жолт појас деца 8-9 години
-Михаил Јоноски
1 место форми плав појас јуниори 16-17 години
2 место борби јуниори 16-17 години до 69кг
Пехар за најдобар јуниор 16-17 годни
-Адријана Китаноска
3 место форми жолт појас деца 8-9 години
-Даријан Китаноски
3 место форми зелен појас кадети 12-13 години
-Бојана Китановска
2 место борби деца 8-9 години до 35кг
-Мартин Плевнароски
3 место форми жолт појас кадети 12-13 години
3 место борби деца 8-9 години до 60кг
-Давид Ристески
3 место борби кадети 12-13 години до 50кг
-Христина Шибаковска
2 место форми жолт појас јунироки 14-15 години
2 место борби јунорки 14-15 години 65+ кг
-Христијан Шибаковски
2 место форми жолт појас кадети 10-11 години
-Миа Танеска
1 место форми зелен појас кадети 10-11 години
-Тамара Тодороска
2 место форми жолт појас кадети 12-13 години
3 место борби кадети 12-13 години до 50кг
-Теодора Тодороска
2 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години
2 место борби јуниорки 14-15 години до 65кг
-Михаил Трајкоски
2 место форми жолт појас јуниори 14-15 години
-Анастасија Трифуноска
1 место форми жолт појас кадети 12-13 години
2 место борби кадети 12-13 години до 55кг

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.