Пожарот кој вчера попладне започна на територија на општина Василево е се уште активен.
Со полициски хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, информираат од ЦУК.
Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи вода кон опасниот крак.
Пожарот кој избувна вчера кај Василево, денеска почна да се разгорува и да се шири кон селата Сушево и Злеово.
На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.
