HomeАктуелноМинистерот Тошковски бара враќање на средно полициско образование

Министерот Тошковски бара враќање на средно полициско образование

Вчера на владина седница била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование, откако Министерството за внатрешни работи предложило реформи во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира владината прес-служба, се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсеви за ангажирање нови полицајци.

Во моментов за прием на нови полицајци, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност. Исто така полицајците треба да имаат завршено четиригодишно средно образование и не смеат да членуваат во политичка партија.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.