На 20.08.2024 околу 01.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Љ.С.(59) од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и упатувал закани на И.Н. од Охрид. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
