HomeАктуелноСилно невреме во Албанија

Силно невреме во Албанија

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан,  Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.

Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.

Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.

Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив.

Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови. вт/сд/Фото: албанска полиција .

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.