На 29.08.2024 во 17.35 часот во СВР Охрид П.Д.(22) пријавил дека околу 03.00 часот во Охрид бил физички нападнат од А.Ј. двајцата од Охрид кој му се заканувал и со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 29.08.2024 во 17.57 часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект во Охрид Ф.К. и уште едно лице по претходно меѓусебно недоразбирање недолично се однесувале и кршеле инвентар во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
