Кисела Вода доби нов мурал посветен на македонските бранители.
Муралот е нацртан на 80м2 површина а го носи името „Заклетва“ по насловната страна на книгата „Заклетва“ збир на сведоштва од самите бранители за конфликтот во 2001.
– Месеци припрема, три дена деноноќна работа и вложени преку 2000 евра. Муралот во Кисела Вода е готов. Нашата макотрпна работа се исплатеше и цело Скопје ќе го гледа резултатот на нашиот труд. Ова е екипа која никогаш не запира, продолжуваме уште посилно, соопштија од „Патриотско друштво“.
