HomeАктуелноУХМР со НАЈНОВИ информации за временската прогноза, АМСМ за состојбата со патиштата во државава!

УХМР со НАЈНОВИ информации за временската прогноза, АМСМ за состојбата со патиштата во државава!

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Утре ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.