Продолжуваме со опремувањето на јавните претпријатија со потребната механизација и возила. Денес, во ЈП „Градски гробишта“ го промовиравме новото транспортно возило. Полека ЈП „Градски гробишта“ прераснува во претпријатие кое има една од најдобрите гредежни оперативи. Нашата замисла и цел е општинските јавни претпријатија да поседуваат сопствена механизација и возила како би се подобриле ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите, а дополнително би се намалиле средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација, стои во објавата на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.



