Вака изгледа кога нашите фолк-пејачи ќе запеат заедно, Влатко Миладиноски и неговиот братучед Дамјан Стојаноски важат за едни од напите најдобри фолк-пејачи од помладата генерација.
Тие и двајцата имаат веќе голем број хитови зад себе, а за нивните настапи секогаш се бара влезница повеќе.
Но кога тие ќе настапуваат заедно секогаш се случува спектакл, а тоа може да го видиме и од следната снимка.
На социјалните мрежи се уште е хит снимката на која се гледа како тие ги забавуваат гостите на една свадба.
Да се потсетиме на една убава свадба, напиша Влатко во описот на видеото што стои на неговиот Фејсбук профил.
Нивната заедничка енергија и шарм ја направија оваа веселба незаборавна, како за гостите, но и за самите пејачи.
Впрочем и тие самите беа презадоволни од она што се случуваше на подиумот, а видеото воодушеви многумина и на Фејсбук.
Како сето ова изгледаше и зошто Влатко и Дамјан важат за едни од најбараните пејачи кога станува збор за ваков вид на прослави и веселби, погледнете во продолжение.
Инаку, Дамјан е син на легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски, а Влатко е негов прв братучед.
