HomeАктуелноВемето денес

Вемето денес

По одделни котлини утрово ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот.

Утре (петок) ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.