HomeАктуелноТажна вест од Зоолошката градина во Скопје, почина лавот Жика – Еве која е причината!

Тажна вест од Зоолошката градина во Скопје, почина лавот Жика – Еве која е причината!

Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16 годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград. Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа. Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас, стои во соопштението на Зоолошка градина Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.