HomeАктуелноПоради овој прекршок македонски возач заработи казна од 4250 евра

Поради овој прекршок македонски возач заработи казна од 4250 евра

Денеска околу 12 часот во близина на касарна Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 96 став 1 и став 5 во висина од 2500 евра за правно лице и 750 евра за одговорно лице во правно лице и по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.