HomeАктуелноОпозициската СДСМ: Ќе предложиме закон што ќе донесе вистинско намалување на цените на производите

Опозициската СДСМ: Ќе предложиме закон што ќе донесе вистинско намалување на цените на производите

Според нив, како големо промашување се покажала мерката за замрзнување на бруто-профитните маржи, иако таа требало да биде спасот од високите цени.

СДСМ ќе предложи закон што ќе донесе вистинско намалување на цените бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки и нема решение.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со овој закон, како што велат од партијата, ќе се добие вистинска и реална мерка за намалување на цените.

Според нив, како големо промашување се покажала мерката за замрзнување на бруто-профитните маржи, иако таа требало да биде спасот од високите цени.

Оттаму велат дека цените во маркетите не се намалени, а во најголем дел се останати исти.

Од партијата за поскапувањето на цените реагираа и минатата недела кога заврши владината одлука за ограничување на бруто-профитната маржа на основните производи.

Според СДСМ, не се точни пресметките на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши дека со намалените маржи од т.н. есенска кошничка едно семејство заштедило од 690 до 1 360 денари. Тие велат дека заштедата била симболична и изнесувала само 57 денари за еден месец.

Откако минатата недела заврши есенската кошничка, во следниот период се најавува дека ќе има и божиќна, рамазанска и велигденска кошничка. Кошничките, како што рече Дурмиши, ќе имаат различен состав на производи, во зависност што се троши најмногу во конкретниот период, во договор со производителите и трговците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.