На 26.11.2024 во 04.30 часот во СВР Охрид задржан е Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.
Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво” во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 25.11.2024 во 21.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Методија Стефаноски” во Кичево е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ц.(39) од една и Ш.Ц.(430 и С.Ц.(33), од друга страна, сите од Кичево. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
