Врнежи од снег, дожд и проодност на патни правци
РЦУК Тетово, известува дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално. Снабдувањето со ел.енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде сообраќајот се одвива во зимски услови и забавено со задолжителна употреба на зимска опрема. Особено критично е во Мавровскиот реон од каде се добиени поголем број на настани и поплаки од граѓани кои известуваат дека патниот правец до Хотел Радика не е прооден и истите се заглавени во хотелот. Преку целиот ден извршени се голем број на контакти со одговорните лица од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта , ЕЛС и МВР од кои се добиени информации дека висината на снежната покривка во регионот е околу 80 центиметри и има паднати голем број на дрвја кои го отежнуваа и забавуваа сообраќајот. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта тековно вршеа сечење на дрвјата и чистење на коловозите и во најголем дел од регионот сообраќајот се одвива редовно во зимски услови. Проблематично е делницата до кај Хотел Радика. Од страна на одговорното лице од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта -секција Маврово сме известени дека има на терен машина за чистење на снег која прави напори да го оспособи и исчисти патот за да можат гостите од хотелот истиот да го напуштат и да се вратат во своите домови. Од последниот контакт со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возилото од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта моментално ( 20:00 часот ) оди напред, а позади него гостите од хотелот со своите возила. Колоната е стигната до кај Бунец. Се движат споро , но според дежурниот истите ќе успеат да се стигнат до своите дестинации. Имавме и поплака од лица од с.Луковица-Општина Желино кои се жалеа на непрооден пат до селото. Истите се вратија во својот дом и според пријавителката истите ќе преноќат во селото. Од страна на ПС Групчин сме известени дека на теренот кон с.Луковица и с.Седларево е упатена машина за чистење на снегот и моментално истата работи во чистење и нормализирање на сообраќајот на тој реон додека Гужвата што настана поради несовесни граѓани кои со несоодветни гуми возеа на Попова Шапка е расчистена. Сообраќајот во двата правци се одвива во зимски услови, забавено со задолжителна употреба на зимска опрема. РЦУК Скопје, известува дека од лицето за контакт од ЕЛС Чучер Сандево добиена е информација дека патот до с.Бродец е прооден, додека кон селата Танушевци, Брест и Малино има снег и ветер и патот е непрооден. Известени се ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, од каде добиле информација дека екипите се на терен и работеле на расчистување. Со расчистување на овој патен правец ќе се продолжи во текот на денешниот ден. РЦУК Битола, известува дека како резултат на обилните врнежи од снег и дожд кој што го зафатија Пелагонискиот регион во последното деноноќие, преку бројот Е-112 добиени се голем број на пријави за: прекини на електричната енергија како и оштетени бандери, 4 поплавени подрумски простории во куќи (3 во Битола и 1 во Кривогаштани), поплавен коловоз кај бензиската пумпа „Салида“ во Прилеп и одрони на патните правци Прилеп-Битола ,Прилеп-Кавадарци и Демир Хисар-Кичево. Во текот на вчерашниот денот за санирање на овие проблеми на терен интервенираа екипи на: ЕВН, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, јавните комунални претријатија од Битола и Прилеп, ТППЕ од Битола, Прилеп и Кривогаштани. ТППЕ Прилеп, известува дека во текот на вчерашниот денот ималa 6 технички интервенции: една на извлекување на возило заглавено во вода кај бензиската пумпа „Салида“, четири на црпење на вода од поплавени подрумски простории и една на одстранување на падната бандера на патот Прилеп-Крушево. Патниот правец од Битола до хотелот Молика е прооден само со теренски возила, додека од 16:42 часот во прекин е патниот правец од Крушево за с.Пуста. РЦУК Охрид, известува дека сообраќајот на магистралните, регионалните и локалните патни правци се одвива редовно по влажни коловози и во зимски услови. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта имале неколку итревенции во текот на вчерашниот денот ги остранувајки и чистеја одроните на патниот правец Охрид-Кичево, патен правец с.Белица – Кичево, помеѓу с.Белица и с.Козица како и на патниот правец Струга -Дебар. Селата Опеница,Завој , Свињишта, Колари кои се без напојување со е.енергија поради дефекти кои се настанати како резултат на снежните врнежи кои го зафатија регионов. Екипите на ЕВН Хоме во текот на денешниот ќе ги санираат дефектите во тој дел од регионот. РЦУК Струмица, известува дека патниот правец Гевгелија према с .Фурка кој во текот на вчерашниот денот имаше одрон е остранет. Сите регионалени, магистрални и локални патишта во Југоисточниот регион се проодни.ТППЕ Гевгелија, известува дека имале интервенција на поплавена подрумска просторија на ул.Македонија(Опш.Гевгелија). Интервенирале со 1 пп возило и 2 пожарникари. РЦУК Велес, известува сите регионални и магистрални патни правци во вардарскиот регион се проодни во зимски услови и влажни коловози. На високите делови од општина Кавадарци има врнежи од снег, а зимската служба на ЈП Комуналец Кавадарци интензивно работи на чистење на патните правци во високите места од наноси на снег.На патниот правец Неготино – Штип(планината серта) имаше неколку одрони каде од страна на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта веднаш беа расчистени. ТППЕ Велес и Кавадарци имале по една техничка интервенција, поради заглавено возило и паднати гранки, додека прекин на ел. енергија од 12:16 часот, има во с. Клуковец.
