HomeАктуелноНа автопатот во изградба Охрид-Кичево излета возилото од обезбедувањето на Гаши, интервенирала и итната медицинска помош

На автопатот во изградба Охрид-Кичево излета возилото од обезбедувањето на Гаши, интервенирала и итната медицинска помош

Тројца припадници на МВР, дел од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска излетале од магистралниот пат Охрид – Кичево и завршиле во болница.

На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37). Сопатници му биле И.Б. и Б.М, исто така полициски службеници, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тројцата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Не се во животна опасност.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, кажа денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Делот кај Ново село во моментов е градилиште на новиот автопат Кичево – Охрид што се гради над 10 години.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.