HomeАктуелноИзложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски

Изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски

Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”.
Љубителите на уметноста имаа можност да ја видат уникатната  збирка на овој еминентен сликар, која е во сопственост на ЈЗУ Специјализирана  болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Промотор на изложбата беше проф.д-р Димитар Пандев. Пред присутните свои поздравни обраќања Рубенс Наумовски, син на Вангел Наумовски, директорот на Специјализаираната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”,   Хари Шокароски и градоначалникот Кирил Пецаков.

Исто така, во рамки на честувувањата посветени на патронот вчеравечер  на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена и традиционалната изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“, на која беа прикажани фотографии од убавините на градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.