HomeАктуелноНови најави за дожд и снег, синоптичарите со НАЈНОВА временска прогноза!

Нови најави за дожд и снег, синоптичарите со НАЈНОВА временска прогноза!

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено во недела и понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.