На 19.12.2024 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.А.(31) од Скопје. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба Свети Стефан, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
