HomeАктуелноВИСТИНСКАТА ЗИМА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – Снежни врнежи најавени во Македонија!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – Снежни врнежи најавени во Македонија!

Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 22.12.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 23.12.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 24.12.2024
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: -1°C до 5°C

Променливо облачно и студено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.