Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.
Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.
Од Авто мото сојузот на Македонија ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември на сила е законската обврска за носење на зимска опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба.
ИНФОРМАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата.
Од 03.25ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 03.00ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште се на сила.
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патниот правец Страцин – Куманово.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
