HomeАктуелноЗапочна пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици во Охрид

Започна пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици во Охрид

 Во сите парохиски цркви во Охрид веќе започна пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната културно-верска манифестација кај нас Богојавление Водици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.

До сега покрај охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Република Македонија, информираат од Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА.

Додаваат дека утре, на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст.

Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.