HomeАктуелноУште една жртва на македонските патишта, загина жена

Уште една жртва на македонските патишта, загина жена

Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автотпатот Тетово Гостивар близу „неготинска клучка“ една жена го загуби животот, а две лица се тешко повредени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во „пежото“. Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник сите од Охрид, констатирани во урегентното одделение во гостиварската болница, рече портпаролот на полицијата, Реџепи.

За време интервенцијата на спасувачките екипи и брзата помош, сообраќајот на овој дел од патот (кон Гостивар од клучка за Неготино) е во прекин и возилата се пренаосчуваат по помошните патишта.

Увид на местото на несреќата врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.