HomeАктуелноНова сообраќајна несреќа ја потресе Македонија

Нова сообраќајна несреќа ја потресе Македонија

Двајца малолетници од тетовско Милетино се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, што се случила вчера во 14:20 часот на локалниот пат село Брвеница-село Челопек. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР во дневниот Билтен.

Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.